Популарната софтверска платформа Java веќе наполни 20 години од своето официјално претставување. И до денес таа се користи од стотици милиони уреди, но во последните неколку години трпи сериозни критики поради ниското ниво на безбедност.

zx450y250_2540788

Java е создадена од компанијата Sun Microsystems. Еден од првите нејзини поддржувачи станува прелистувачот Netscape кој ја интегрира. Тоа го означи почетокот на онлајн доминацијата на Java, која станува омилена платформа за креирање на интерактивни веб-сајтови и апликации. Java е и доста лесен за користење, со што се зголемува интересот на програмерите кон неа.

Во тоа време главен технички директор на Sun е сегашниот претседател на одборот на Google Ерик Шмит. Тој става јасна цел пред Java – интернет прелистувачите, мрежни апликации и оперативни системи. “Java треба да биде на сите големи платформи, за да е успешна, и ќе се увериме дека тоа ќе се случи”, вели Шмит.

Во годините Java се развива со повеќе сфери. Таа дури има главна заслуга за создавање на мобилната платформа Android, како и на голем дел од неговите апликации. Java е дел и од Blu-ray дисковите.

Apple сепак така и не прифаќа Java. Наместо тоа, компанијата сака да користи Objective C и Swift за апликациите во IOS. Google се потпира на отворениот код на Java да се создаде модификација наречена Dalvik.

Постепено Adobe Flash ја дислоцира Java како најпосакувана платформа за интерактивни интернет страници. HTML5 пак е новата алтернатива, која зема замав во моментов.

Главниот проблем за Java беа неколкуте сериозни пробови во безбедноста на платформата, кои беа откриени во последниве години. Некои експерти дури повикаа корисниците да не користат Java воопшто, освен ако не им треба за навистина стар софтвер пример.

Сепак се уште има значителен интерес во Java од страна на претпријатијата, коментира Џорџ Сааб, потпретседател на Java Platform Development во Oracle – сегашниот сопственик на Java. Тој додава дека Java ќе е корисна и во интернет на работите и помага за намалување на фрагментацијата. Тој истакнува дека платформата обезбедува еднакви можности и технологии на различните уреди, што е од голема корист.

Сепак платформата постепено губи популарност меѓу масовните сајтови и интерактивни услуги. Затоа Oracle ја насочува кон интернетот на работите и бизнисот, каде што има потреба за посебни случувања.

Слични содржини