Како да гласате правилно!

од desk3

На овие избори, важечки ќе се сметаат само ливчињата на кои е заокружен редниот број на кандидатската листа, носителот на листата или симболот на партијата. Од ДИК предупредуваат дека нема да се важат триаголници, иксови или штиклирања како начин на изразување на волјата на гласачот туку само кругчиња. Потсетуваат и дека не смее да се чкрта, црта или пишува на гласачкото ливче. За прв пат, правото на глас ќе се утврдува, освен со важечка лична карта или пасош, и со фотографија. Може да се гласа само еднаш, а тоа повторно ќе се утврдува со спреј и уве ламба, откако обележувањето со маркер на оние што гласале беше укинато од Уставниот суд.

На овие избори, право на глас имаат милион 784 илјади 416 граѓани. Точно толку гласачки ливчиња беа испечатени во печатницата „Киро Дандаро“, уверуваат ДИК и печатницата, отфрлајќи ги сите наводи за некакво пробно печатење на илјадници ливчиња.

Испечатените гласачки ливчиња, изводите од избирачките списоци, новите печати и другиот избирачки материјал денеска се разнесуваат по општинските изборни комисии. Гласање ќе се организира во 3 илјади 416 избирачки места во земјава како и во 46 во дијаспората. Нема да се организира гласање на 64 места кадешто има помалку од 10 гласачи. Овие граѓани треба да гласаат во друго најблиско избирачко место.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини