Еден добар додаток како очилата за сонце може веднаш да го промени целокупниот изглед и да додаде блага нота на мистерија.d474929007ef3e1ab6e9b25953bd83eb

Да го најдете вистинскиот пар сепак, е тешка задача, бидејќи сé сведува на формата на лицето, која имате.

Четирите основни структури на лицето се овални, срцевидни, квадратни и тркалезни.

Сигурно спаѓате во една од овие четири категории.

Ви претставуваме примери за секој тип лице со познатите личности и најсоодветните очила за вас.

1. Овални лица

Добри вести за дамите кои имаат овални лица – може го носат апсолутно секој можен модел. Изберете класични модели, кои се карактеризираат со малку квадратни рамки, бидејќи ќе внесат рамнотежа на вашето лице. Пример за славно овално лице е Џесика Алба.

2. Квадратно лице

Лицето на дамите со таква форма се карактеризира со силно изразена долна вилица и чело. Во овој случај е подобро да изберете овални или кружни рамки за очила, кои ќе амортизираат и ќе го направат лицето да изгледа подолго. Дами со такво лице се Оливија Вајлд, Анџелина Џоли и Натали Портман.

3. Срцевидно лице

Ако имате пошироко чело и изразена брадичка или заострена вилица, тогаш насочете се кон срцевидни форми. Со вистинските очила за сонце, ќе успеете да ги нагласите пропорциите. Барајте очила со обоени рамки или оние со разнобојни акценти. Личности со такво лице се Ева Лонгорија, Кендал Џенер и Рис Витерспун.

4. Кружно лице

Да имаш кружно лице значи дека широчината е иста како должината. Бидејќи имате нежни овални форми, стремете се кон рамнотежа со квадратни, овална или остри рамки за очилата за сонце. Пробајте строги геометриски решенија и експериментирајте со бои.Личности со кружни лице се Селена Гомез и Мила Кунис.

Слики: Getty Images

Слични содржини