Кога неочекувано ќе се повредиме, првото и најважно нешто е да се дезинфицира раната и да го запреме крварењето. При мали повреди има некои трикови кои можат да ви бидат од помош кога немате риванол или алкохол. Запаметете ги!c2ca13cba2b6ef89629c6b817d59903d

Солена вода или сол
Мислата дека врз раскрварената рана треба да се стави сол, нè тера да чувствуваме болка без дури и да сме се повредиле. Всушност солта ја помага апсорпцијата на растечена крв, но исто така е и добар дезинфициенс и може да го намали ризикот од појава на инфекции. Може и да ја исплакнете раната со солена вода. Таа се препорачува како прво средство при крварење.

Паста за заби
Пастата за заби може да ја аплицирате по бричење на оние места на кои имате мали рани. Таа има адстрингентно дејство и ги стеснува крвните садови.

Кантарион
Оваа неверојатна билка е антисептик и помага за лекување на раните. Подгответе си напивка од билката и приложете ја како компресор на раната. Ова ќе помогне и за побрзо нејзино заздравување.

Вазелин
Балсамот има восочна текстура и кога ќе се примени врз лесни исекотини, може да го блокира протокот на крв и да помогне во нејзиното згрутчување.

Слични содржини