Како работат системите за прислушување?

од Vladimir Zorba

Како изгледаат системите за прислушување, како тече постапката, што се очекува да открие Специјалното јавно обвинителство кога ќе пристапи и ќе ги анализира „логовите“ од тврдината наречена УБК се само дел од прашањата што се отвораат по бурните неколку дена во Управата за безбедност и контраразузнавање.

oprema_1

БИРН, консултирајќи се со надлежни лица од СЈО и експерти за следење комуникации се обиде на „најпластичен“ начин да долови како, всушност, тече процесот на прислушување, кои институции се надлежни и која е улогата на секој систем одделно.

Па така, сè почнува од јавниот обвинител, кој е надлежен да поднесе барање за донесување наредба за следење на комуникациите до надлежниот суд. Барањето може да го поднесе по сопствена иницијатива или на предлог на МВР, Управата за финансиска полиција или Царинската управа.

Барањето се поднесува до судијата на претходна постапка во писмена форма. Ова барање, според Законот за следење на комуникациите (последен пат променет во 2012 година) содржи назив на кривичното дело, лицето или предметите врз кои ќе се примени посебната истражна мерка (ПИМ) за следење на комуникациите, техничките средства кои ќе се применат, причините поради кои податоците или доказите не можат да се соберат на друг начин, органот кој треба да ја спроведе наредбата, времетраењето на посебната истражна мерка и видот на телекомуникацискиот систем, телефонскиот број или друг податок за идентификација.
Понатаму, случајот преминува во УБК, институција која треба да ја изврши наредбата, но тука се и телекомуникациските оператори кои мораат да го маркираат бројот во своите системи за да почне да се снима секој разговор на лицето кое е под посебни истражни мерки.За барањето за следење на комуникациите судијата на претходна постапка одлучува најдоцна во рок од 48 часа од поднесувањето на барањето, а прислушувањето може да трае најмногу 14 месеци.

Но, „јазикот“ на кој зборува системот на УБК и „јазикот“ на телекомуникациските оператори е комплетно различен, па оттаму, потребен е помошен софтвер, линк помеѓу овие два система со цел сигналот да биде преведен. Тука настапува опремата на „Ериксон“ (компанија која е производител и на помошни сервери), која физички се наоѓа во УБК, но е во сопственост на телекомуникациските оператори. Таа, наједноставно кажано, служи за да го пренесе и преведе сигналот од УБК до телекомуникациските оператори, за тие да знаат кој број е предмет на следење на комуникациите. Според познавачите, станува збор за сервер, налик на рисивер со прилично едноставен изглед и нема свој дисплеј.

Според сето ова, произлегува дека телефонските броеви кои се прислушувани ги има во три системи – системот на УБК, помошниот сервер чиј производител е „Ериксон“ и кај телекомуникациските оператори. Доколку СЈО успее да ги спореди „логовите“ на овие три места и согледа дека дел од броевите ги има во еден систем, а недостигаат во друг, ќе стане јасно дека дел од податоците биле бришани.

текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини