Како всушност жените бираат партнери?

од Vladimir Zorba

Заборавете на татковата фигура, бидејќи оваа студија докажала дека на припадничките на поубавиот пол им е важно ова…

Теоријата за тоа како жените ги бираат партнерите кои ги потсетуваат на таткото веќе сте ја чуле. Но, ова истражување потврдило и уште една(помалку вознемирувачка теорија)-дека жените несвесно бираат партнери кои ги потсетуваат на братот. (Ако имаат брат, се разбира)

Во текот на истражувањето, на испитаниците им се покажани фотографии од партнерите и браќата на жените кои учествувале во студијата, а потоа од нив се барало да ја оценат сличноста во физиономијата на тие машки.

Фотографиите биле комбинација на оние кои учесничките доброволно ги испратиле, и фотографиите на партнерите од весници и браќата на јавните личности.

На испитаниците им е покажан панел со пет фотографии, на едната бил братот на жената за која станува збор(и само за него им е речено во каков однос е со таа жена), на другата нејзиниот партнер, а преостанатите три биле случајни примероци.

Потоа требало испитаниците на основ на понудените фотографии да го изберат мажот кој најмногу личи на братот на таа жена.

А резултатите …фрапантни.

Истражувачите велат дека утврдиле „јасни докази за сличностите на физиономијата на партнерот и родениот брат на жените кои учествувале во истражувањето„.

„ Ова, се разбира не е правило вдлабено во каменот, но тенденцијата е јасна, жените со веројатност која надалеку ја надминува голата случајност, за партнери бираат мажи кои по ликот потсетуваат на нивните браќа„, изјавил водачот на истражувачкиот тим на др Тамсин Сакстон за британскиот „Индипендент„.

Зошто е тоа така?

Др. Тамсин вели дека објаснувањето би било во тоа што познатото(во овој случај речено познато лице) го доживуваме како привлечно. Генерално, бираме партнери така што да имаат слични погледи на живот како и ние, така  што да ни бидат познати неговите интересирања и вкуз, па зошто изгледот би отскокнувал од тоа?

С.В.

Слични содржини