Ќе има ли борба Кличко-Џошуа? Одговорот-утре!

од desk3

Сеуште е можно да има натпревар помеѓу Владимир Кличко и Ентони Џошуа. Ова го објави менаџерот на Британецот Еди Харн, кој рече дека конечната одлука за тоа дали ќе има натпревар ќе биде донесена утре.

1477313570main-joshua-klitschko

“Утре се ќе стане јасно. Ќе има една добра и една лоша вест за навивачите на боксот”, рече Харн пред “Скај Спортс”.

Одлуката за тоа дали ќе има натпревар или не, зависи од одлуката на Светската боксерска организација која сеуште истражува дали дуелот да обедини неколку титули или да се спроведува само за оваа на IBF, поседувана од Џошуа.

Во украинскиот тим ја разгледуваат можноста за дуел против Лукас Браун во Германија, а во таборот на Џошуа се водат преговори со Дејвид Прајс и Ерик Молина. Кубрат Пулев како кандидат №1 е исто така опција за ривал на Британецот.

Слични содржини