Ќе се поставуваат енергетски ефикасни фасади со пари од проектот „Скопје 2014“

од desk2

Енергетски ефикасни фасади во сите средни училишта во Скопје ќе бидат изградени со средствата од проектот „Скопје 2014“, најави градоначалникот Петре Шилегов.

Тој рече дека станува збор за 70 милиони денари, а реконструкцијата на средните училишта е планирана да започне на 10. јуни и да трае до почетокот на новата учебна година.

Покрај енергетски ефикасните фасади, Шилегов најави дека ќе бидат поставени филтри за воздух во секоја училница во вкупно 23-те средни училишта./Макфакс

Слични содржини