Kejт Мидлтон призна дека се чувствува изолирана од светот

од Vladimir Zorba

Кејт Мидлтон ја следи иницијативата на својот сопруг принцот Вилијам и сподели кои се најголемите тешкотии низ кои поминува.

Кампањата во која се вклучи и Хари, има за цел да ги натера луѓето да не се плашат и да кажуваат отворено за емоционалните и психолошки тешкотии.

Вилијам исто така, истакна дека сака да ги натера луѓето да поверуваат дека психолошкото здравје е поважно за човекот од физичкото.

Војвотката на Кембриџ се приклучи на идејата и го продолжи примерот. “Понекогаш се чувствувам сама и изолирана од надворешниот свет, но претпоставувам дека така се чувствуваат многу мајки”, изјави таа.

Непосредно пред неа браќата Вилијам и Хари открија како им се одразила загубата на нивната мајка. Социјалниот проект посветен на психолошкото здравје ветува дека ќе биде голем.

Кон идејата се приклучи и Лејди Гага, која призна дека тешко го  преживеала фактот дека била силувана.

Слични содржини