„Килава победа„ на Германија против над Австралија на Купот на Конфедерации

од Vladimir Zorba

Светскиот првак Германија со победа го почна настапот на Купот на Конфедерациите што се одржува во Русија. На последниот натпревар од 1.коло попладнево во дуелот од Б групата во Сочи Германија ја совлада Австралија со 3:2.

Германија поведе со голот на Ларс Стиндл во 5.минута, а Томи Рогиќ изедначи на 1:1 во 41.минута. Радоста на Австралија траеше кусо бидејќи три минути подоцна Јулијан Дракслер од пенал донесе ново водство за Германија од 2:1. По три минути игра во вториот дел (48.минута) Германија водеше со 3:1 со голот на Леон Горецка. Томи Јуриќ во 56.минута го налами водство на 3:2 што на крајот беше и конечен резултат.

Во Б групата Чиле и Германија имаат по 3 бодови, а Австралија и Камерун се без бодови. Утре на ова натпреварување е слободен ден, а во среда се играат натпреварите од А групата од 2.коло: Русија – Португалија и Мексико – Нов Зеланд.

Слични содржини