Ким Кардашијан се преплашила дека ќе ја силуваат

од Vladimir Zorba

Ким Кардашијан која стана жртва на вооружен грабеж пред два дена во хотелот во Париз, мислела всушност дека петмината маскирани мажи кои упаднале во станот дошле за да ја силуваат.6b5fac3dce6f3c3388569a1a84e3946d

35-годишната риалити ѕвезда доживеа навистина застрашувачки напад.

Според најновите информации крадците се извлекле од под креветот во два часот во текот на ноќта, затворајќи ѝ ја устата со селотејп, врзувајќи ѝ ги зглобовите и глуждовите со лисици и ја оставиле во кадата, во една од бањите на станот, пишува сајтот TMZ .

Ким цело време се молела да не ја повредуваат, бидејќи е мајка на две деца.Таа сама им предложила на разбојниците да ги земат сите нејзини скапоцености и пари.

За среќа Кардашијан не била сама во станот за време на нападот.

Нејзината пријателка Симон спиела на долниот кат во пентхаусот и почувствувала дека нешто не е во ред, се заклучила во бањата и се јавила на телохранителот на ѕвездата Паскал Дјовие кој дошол на местото на инцидентот со две минутно задоцнување.

Грабежот траел не повеќе од шест минути, пишува жолтиот печат.

Слични содржини