Клоп: Салах е целосно опоравен од повредата на рамото

од desk2

Напаѓачот Мохамед Салах е целосно опоравен од повредата на рамото, добиена во финалето на Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, тврди менаџерот Јирген Клоп. Тој исто така играше на Светското првенство во Русија со репрезентацијата на Египет.

„Салах е целосно опоравен. Сè со него е во ред. Одржуваме постојана комуникација со медицинскиот штаб на репрезентацијата на Египет. Салах е сериозен човек и сам знае дека од тоа зависи неговата кариера. Ако не можеш да играш, не играш. Тој е задоволен, што веќе е со нас“, рече Клоп.

„Мило ми е што тој и Мане се вратија. Двајцата имаа година полна со натпревари, но веќе го очекуваат со нетрпение почетокот на новата сезона. Добро е што таа започнува на 12-ти август“, додаде тој.

Слични содржини