КОМЕДИЈА ЗА СЕКСУАЛНИТЕ ФРУСТРАЦИИ И МОДЕРНИТЕ ВРЕДНОСТИ

од Vladimir Zorba

Претставата „Грилпарцер во секс-шоп“ во режија на Јован Ристовски, која по премиерата, предизвика голем интерс кај публиката, својата прва изведба ќе ја има на крајот од месецов (29 март).

„Грилпарцер во секс-шоп“ во режија на Јован Ристовски е  новата претстава на Народниот Театар Битола, која премиерно беше изведена минатата недела. Претставата што предизвика голем интерс кај публиката, својата прва изведба ќе ја има на крајот од месецов (29 март). Станува збор за претстава работена според текст на Питер Турини, подготвувана неколку години и конечно реализирана во продукција на НТБ, без подршка на Министерството за култура.

Во претставта играат Елена Моше, Александар Копања, костимографија на Благоја Мицевски, сценографија Валентин Светозарев а драматургија на Билјана Крајчевска. Дизајнот на одличниот плакат е на Димитар Ристовски.

Турини е современ австриски писател, автор на бројни есеи, романи, научни трудови, радио драми и филмски сценарија. Тој важи за значаен морален авторитет во Австрија, и автор што се изразува јасно и недвосмислено, дури и кога се изразува со параболи.

Имено, скокотливиот наслов на текстот е всушност и самата приказна која ја сочинуваат два карактери, маж, продавач во секс шоп и жена, префинета дама од високото општество која прв пат посетува ваква продавница. Ликовите спонтано се запознаваат и во заплетот на комичен начин ги откриваат нивните фрустрации. Индиректно преку овие два лика, авторот ја доловува денешната слика на европските граѓани и нивните современи судбини. Ова е еден од најпопуларните текстови во Европа, чија праизведба се случила во 1993 година во Берлин. Дали човекот ги заборавил етичките, религиските и моралните принципи и вредности?, Дали денес, човечката цивилизација се познава себе си?, Дали сме современи? Дали романтиката е излезена од мода?, се дел од прашањата што ги отвора овој текст. „Визулено, поради сценската присутност на реквизитите кои всушност се разчличен вид на пластични човекови органи, продавачот одава впечаток дека се однесува како медицински доктор, кој се занимава со хирургија за трансплатција на човечки органи. Со таа идеја, ненаметливо се акцентира дека современиот човек му дава големи вредности на непотребните и незначајни нешта во светот“, објаснува режисерот Ристовски. (А.В)

 

Слични содржини