Комичарот Џими Кимел ќе ги води „Оскарите“

од Vladimir Zorba

Американскиот комичар Џими Кимъл ќе биде водител на 89-тата церемонија на доделување на наградите за славење на филмот “Оскар” во февруари, објави електронското издание на списанието “Холивуд репортер”.jimmy-kimmel

Кимел има свое вечерно шоу Jimmy Kimmel Live ( “Џими Кимел во живо”) на телевизијата Еј Би Си. Таа ќе ја пренесува и церемонијата на доделувањето на “Оскарите”.

Минатата година водител беше црниот комичар Крис Рок.

За време на предизборната кампања во САД Кимел побара од кандидатот на демократите Хилари Клинтон да демонстрира во студиото физичка сила со отворање тегла со краставички.

Клинтон го заврте капачето преправајќо се дека е многу тешко, а потоа на шега му предложи на водителот да ѝ го измери пулсот, за да се убеди дека е жива.

Слични содржини