За судија во Судот за човекови права во Стразбур се пријавиле петнаесетина кандидати од Македонија, од кои, Комисијата во МНР за десетина дена треба да избере тројца, кои ќе бидат испратени како кандидати во Стразбур.

tn1_20160502_105824_strazbur1

-На листата на пријавени се Претседтелката на Врховниот суд на Македонија Лидија Неделкова, Јавниот обвинител за гонење организиран криминал Јован Илиевски (баџанак на екс директорот на УБК Сашо Мијалков), директорката на Академијата за судии и јавни обвинители Анета Арнаудовска, судијките од Основниот суд Скопје 1, оља Ристова и од Управниот суд Едита Насков – информира порталот Сведок.

На списокот имало пријавени и професори од некој од приватните универзитети, вработени во министерства и во други владини служби.

Сведок официјално го побарал списокот од Министерството за надворешни работи за пријавени кандидати за судија во Стразбур, но тој не ни беше доставен, иако не е и не треба да биде таен.

Дел од кандидатите кои претендираат за судија во Стразбур, оделе на интензивен курс по англиски и француски јазик, јазици на кои се одвива комуникацијата во Судот, а на тие јазици, потенцијалните тројца кандидати ќе имаат интервју пред Советот на Европа.

Уставната судијка Вангелина Маркудова, една од петте судии кои гласаа за укинување на законот за помилување, е само еден од „селекторите“ кои до средината на мај на Советот на Европа треба да му предложат тројца кандидати за иден судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

(…)

До сега, постапката ја спроведуваше министерството за правда, а овој пат „новината“ е во тоа што, претседател е министерот за надворешни работи, а и административната процедура ќе ја спроведува МНР.

-Наши извори тврдат дека ВМРО ДПМНЕ не сакало ДУИ да ја тера процедурата преку Министерството за правда, па јапрефрлило во МНР, а член не е ниту министерот за правда, туку од таму е  земен државниот секретар, кадар на ВМРО ДПМНЕ – пишува Сведок.

Покрај Вангелина Маркудова, чиј глас значеше укинување на законот за помилување, интересен е и другиот член, Зоран Сулејманов, поранешен уставен судија, а сега член на Советот на јавни обвинители. Тој, во Уставниот суд дојде од Институтот за социолошко-политичко правни истражувања, а додека беше судија во Уставниот суд неговата сопруга ја избраа за судија на Управниот, па на Вишиот управен суд. Откако му помина мандатот во Уставен, на предлог на собраниската комисија за избори стана член на Советот на јавни обвинители. на ден пред распуштање на собранието беше реизбран за член на Советот на јавни обвинители.

Во изминатиов период често бил гледан во Уставниот суд, па од тука претпоставките се дека им помагал на петте судии да напишат правно образложение за укинатиот закон или пак со Маркудова ја договарале методолгијата за „селекција“ на кандидатот за судија во Стразбур.

Маркудова, пред да биде избрана во Уставен суд била судија во Основниот суд во Гевгелија и во Основниот суд Скопје 1. Наскоро се очекува токму судот во Стразбур да се изјасни дали смеела да го суди предметот „Славија“ или морала да се изземе поради конфликт на интереси.

Државниот секретар во правда Илија Ристовски е член во Комисијата, а за него, користејќи ги интернет пребарувачите ќе најдете дека во 2012 по смената на Диме Спасов бил поставен во Правда, а самото министерство на својата интернет страница не ставило ниту име, а не биографија или фотографија од „селекторот“ кој ќе го утврдува предлог тимот за судија во Стразбур.

Последен член во Комисијата вза предлог избор за судија е Илбер Села од Универзитетот на Југоисточна Европа од Тетово.

Текстот во целост прочитајте го тука

Слични содржини