Линкин Парк ќе имаат концерт во сеќавање на Честер Бенингтон

од Vladimir Zorba

На 27 октомври рок бендот “Линкин парк” ќе одржи спомен концерт во Лос Анџелес, со кој ќе го уважи покојниот вокалист Честер Бенингтон. Музичкиот настан ќе е првиот на кој петмината останати членови на групата ќе се качат заедно на сцена по смртта на Бенингтон, а сите приходи од настапите ќе бидат донирани на основана од самите нив фондација Music for Relief ангажирана со заштита на животната средина и обезбедување помош за жртвите од различни природни катастрофи.

Продажбата на билетите за концертот во Холивуд  ќе започне овој петок, 22 септември.

Во меѓувреме денес “Линкин парк” го пуштија и видеото кон парчето One More Light што вклучува архивски кадри на Бенингтон, снимени на сцената и зад сцената.

“One More Light беше напишана со намера да даде спокој и љубов на сите оние кои изгубиле некого. Сега ние се надеваме дека ќе го добиеме токму тоа”, напиша другиот фронтмен на рок групата Мајк Шинода.

Слични содржини