Четирите смртни случаи во четири дена во јавните здравствени установи потврдуваат дека токму отсуството на систем на квалитет и контрола во здравствените установи се причинители за ваквите трагедии. Притоа, во отсуство на детали, се воздржуваме од коментар на денешната вест за смртта на уште една трудница на скопската Клиника за гинекологија.

LP-zname-web

Либералната партија вчера укажа дека „целото здравство не може да биде одговорно за ваквите несакани трагедии, а Министерството не може да биде директно одговорно за неодговорноста на поединци – доктори или медицински персонал. Но челните луѓе во Министерството и раководствата на болниците се одговорни за отсуството на систем за квалитет и контрола на процесите во здравствените установи, што ги причинуваат ваквите трагедии“.

Јавното здравство не може да ги поднесе експериментите и бирократијата како основни производи на здравствените реформи одглумени во изминатите години.

Лошите реформи засновани на шминка, наместо на развој на здравственото осигурување и на здравствените работници и услуги се последица на погрешната политика во јавното здравство. Од нив трпат и лекарската професија и здравјето на граѓаните.

Либералната партија основната вина ја лоцира во политиката и нејзиниот носител – Владата и Министерството за здравство, и таа е персонализирана во министерот Никола Тодоров.

Ниту еден процес во политиката не е позначаен од човекот. Затоа, додека основното внимание на јавноста е насочено кон политичките договори, Либералната партија бара министерот за здравство Никола Тодоров, како основен носител на одговорноста за хаосот во јавното здравство (создаден од погрешните реформи на Владата) веднаш да поднесе оставка.

Слични содржини