Љубопитни факти од отворањето на Олимпијадата

од desk3

Љубопитни факти околу Церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро:

На церемонијата на отворањето на Летните олимписки игри на стадионот “Маракана” во Рио де Жанеиро ноќеска присуствуваа 37 државни и владини претставници. Тоа е значително помалку во споредба со 2008 година во Пекинг, каде пристигнаа 80 високи државници.

0000311512-article2

Натпреварувачи од новопризнатите држави Косово и Јужен Судан дебитираа на парадата на спортистите за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио. Знаменосец на Косово беше џудистката Мајлинда Келменди, а земјата ќе биде претставена на Игрите од вкупно осум натпреварувачи во спортовите џудо, Атлетика, велосипедизам , стрелаштво и пливање. Маратонец Гуор Марио беше знаменосец на Јужен Судан, во чиј олимписки состав се вклучени тројца атлетичари.

За прв пат во историјата МОК дозволи на манифестацијата, тим на бегалци да учествува на Олимпијадата под олимписки знаме. Знаменосец на делегацијата беше родената во Јужен Судан атлетичарка Роуз Локониен која се натпреварува во трката на 1.500 метри. Тимот на бегалците ќе учествува во Игрите со 10 натпреварувачи во спортовите атлетика, џудо и пливање.

Бразилската публика ја исвиркаа бурно делегацијата на големиот локален ривал Аргентина за време на церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Знаменосец на Аргентинците беше кошаркарот Луис Скола.

Делегацијата на Нигерија помина низ стадионот “Маракана” со традиционални тренинг тимови за време на Парадата на спортистите на отворањето на Олимпијадата во Рио де Жанеиро. Причина за ова беше што специјалните костими за спортистите од оваа африканска земја за Церемонијата не беа доставени во рок во Бразил.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун се вклучи во финалата фаза на штафетата со олимпискиот оган во Рио де Жанеиро. Тој истрча 100 метри со факелот кој го предаде на 15-годишната ракометарката Таиза Виторија да Силва. Бан Ки Мун присуствуваше и на свеченото отворање на Игрите на стадионот “Маракана”.

Знаменосецот на делегацијата на САД Мајкл Фелпс ја напушти предвреме церемонијата на отворањето на Олимписките игри во Рио де Жанеиро. Фелпс, кој е рекордер со 18 титули и со вкупно 22 олимписки медали, ја напушти “Маракана” веднаш по преминувањето на Американците во Маршот на спортистите.

Причината е што тој сака да одмори подобро пред претстојните стартови по пливање. Со истиот мотив Фелпс не се вклучи во сите четири отворања на Олимпијадата во кои учествувал досега.

Слични содржини