Љубовен хороскоп од 24 до 30 април 2017

од Vladimir Zorba

Во оваа недела ќе настапи подобрување во љубовниот живот на многу претставници на зодијакот. Венера веќе не е ретроградна, затоа видете во љубовниот  хороскоп што ве очекува според зодијачкиот знак.

Овен
Венера ќе се врати во знакот на Овен уште во петокот. Бидејќи таа беше во ретроградна позиција во вашиот знак од 2 февруари до 4 март, сигурно сте ги забележале тешкотиите во љубовта.
Веројатно требаше да донесете некои решенија, сте ималее куп прашања во врска со љубовта. За среќа, сето тоа е зад вас. Венера ќе ви понуди повеќе самодоверба, романтика и привлечност.

Бик
Подготвени сте да се откриете себе си и вашиот пристап во љубовта. Во среда ќе се појави прекрасна нова Луна во знакот. Како резултат на тоа ќе имате повеќе успеси во љубовта и ќе можете да иницирате активности кои ќе ви помогнат да започнете врска со некоја нова личност или ќе успеете да ги подобрите постоечките. Омилениот човек ќе ве поддржува. Магични нешта ќе се случуваат во љубовта.

Близнаци
Ако сте неврзани, клучот за наоѓање на нова партнерка е да го подобрите вашиот социјален живот. Уште од петокот Венера ќе ви ја покаже својата силна поддршка во однос на љубовта и така ќе се задржи до 6 јуни.
Размислете добро на поканите кои ги упатуваат кон вас и тоа како да се обмислат колку е можно подобро. Исто така пријател може да биде и вашата нова љубов.

Рак
Вашиот/ата партнер/ка ќе ви ја покаже својата поддршка во однос на кариерниот развој. Исто така е многу веројатно некои од вас да започнат заеднички бизнис со својот/та сакан/а. Ако сте неврзани има шанси за флерт, нови познанства, а нема да е воопшто чудно, ако тој или таа се покаже да е вашиот шеф.

Лав
По петок врзаните претставници на зодијачкиот знак ќе имаат можност да ја зајакнат духовната врска со партнерот. Сега е вистински момент да ги споделите вашите чувства, желби, да се добие задоволство. Уживајте повеќе во романтика.

Девица
Постојат шанси финансиската состојба да се подобри. Зголемување на нечија плата, бонус или добивка од инвестиција која сте ја направиле со љубениот. Ова ќе ви помогне да се смирите, да ги балансирате односите со партнерот. Споделете ги најдлабоките желби еден со друг. Нема да зажалите.

Вага
Подготвени сте да внесете подобрувања во вашата врска. Овој петок Венера ќе се пресели во вашиот сектор на партнерствата и ќе се задржи таму до 6 јуни. Планетата на љубовта беше долго време во ретроградна позиција и во врската ви се потребни значителни промени и напори од двете страни. Љубовта е во воздухот , а ако положите напори наскоро ќе ги видите и плодовите на вашите напори.

Скорпија
Почитувани скорпии, ако меѓу вас има неврзани, немојте да се изненадите ако се појави канцелариска романса помеѓу вас и колега, кого сте се обиделе да го/ја игнорирате во последните неколку месеци. До 6 јуни ја имате целосната поддршка на ѕвездите. Оние од вас кои имаат половина до себе ќе се почувствуваат посигурни во односите.

Стрелец
Љубовта е во воздухот! Овој петок Венера ќе се преселат во вашиот сектор на романтиката и така ќе се задржи до првите денови на јуни. Планетата на љубовта е подготвена да ве награди, затоа искористете ја секоја можност.

Јарец
Во средата младата месечина во знакот на Бик ќе го осветли вашиот романтичен сектор и тоа ќе се одрази позитивно на љубовниот живот. Како резултат на тоа, ако сте неврзани, во наредните две недели ќе имате шанса за нови интересни познанства. Ако веќе сте се запознале со некого, може да се движите кон следниот чекор. Некои од вас може да почнат да кројат и планови за бебе.

Водолија
Комуникацијата помеѓу вас и партнерот ќе се подобри значително по петок. Ќе успеете да постигнете напредок во односите. Ако сте биле во застој, тоа ќе се промени и ќе ја подобри љубовната клима во вашата врска.

Риби
Не е тајна дека парите се првото нешто за што се караат паровите. Во последниве месеци е можно вие и вашиот партнер да имате чувство дека мислењата во врска со парите ви се разминуваат. За среќа тоа ќе се подобри и не само финансиската состојба, но и комуникацијата меѓу вас.

Слични содржини