Maдона вљубена во Лисабон: Купи идеален семеен дом

од Vladimir Zorba

Покрај поп кралица, Мадона е и мајка на шест деца и во моментов се фокусира на својата среќа.

59-годишната ѕвезда веќе се пресели во Португалија, каде 11-годишниот син Дејвид Банда ќе тренира во младинската школа на фудбалскиот клуб “Бенфика”. Тој беше посвоен од Мадона во 2006 година.

Пејачката се појави пред нов дом во стилска бела тоалета и шапка Fedora. Во моментов пејачката живее во хотел, но очигледно решила да провери што се случува со реновирањето на новиот нејзин дом, забележува Daily Mail.

Имотот се пофали на над 21 000 квадратни метри и се наоѓа во селото Синтра, на 30 километри северозападно од Лисабон.

Фото: Daily Mail

Зградата е изградена во 1865 година, располага со четири спални, седум бањи, четири гаражи и дваесет места за паркирање. Се продава за 7 500 000 евра – речиси 7 милиони фунти.

Извор изјави The Mirror: “Мадона се заљубила во градот, а овој имот е идеален за семеен дом”.

Мадона е мајка на вкупно пет деца – две биолошки Лурдес и Роко, како и посвоените Мерси и Дејвид на 11 години, и 5-годишните близнаци Истер и Стела.

Фото: Instagram

Слични содржини