Сцена во Белград: Хулиган во црно ги шутирал цвеќињата за убиената тиктокерка Ноа (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Непознат хулиган синоќа ги шутирал цвеќињата поставени до споменикот на принцот Михаило во центарот на Белград и ги искинал и фрлил знамињата во боите на виножитото, кои беа поставени во спомен на убиената девојка Ноа Миливојев (18). Ноа вчера била пронајдена мртва во стан во центарот на Белград, а за нејзиното убиство е уапсен Огњен Д.(33).

Во најстрогиот центар на Белград синоќа се случи страшен излив на омраза кога, засега непознат, хулиган облечен во црно се приближил до споменикот на чии скали беа поставени букети цвеќе, запалени свеќи и кренати знамиња со виножито.

На видео кое кружи на социјалните мрежи, може да се види како хулиган клоца и гази цвеќиња, го зграбува знамето со виножито, симбол на ЛГБТ популацијата и го кине.

Засега не се знае дали полицијата го идентификувала младиот осомничен.

Да потсетиме, Ноа Миливојев била трансродова личност, а е родена во Ковиље кај Нови Сад.

На нејзиниот профил на социјалните мрежи, најмногу на Тикток, ја следеа голем број луѓе со кои споделувала детали од својот живот.

Слични содржини