zaklinaTodorov-685x320

Пред преполниот паркинг пред Министерството за здравство кој е под засилено полициско обезбедување, се обрати мајката на починатата Тамара, Жаклина Димовска. Таа му порача на Тодоров да не се крие и да си поднесе оставка како најодговорен.

“Има правда божја, ќе те стигне Тодоров, јас имав 2 деца ми остана едно, само заради тоа што ти не ме примаше. И ова уште едно што го имам молам и за него молам за помош. Оди си Тодоров, замини за да преживее”-рече Жаклина Димовска пред Министерството за здравство.

Револтираните демонстрантите извикуваат имате ли деца. Има поставено звучници од кои се слуша отчукувања на срце,а потоа ја пуштија песната “Ангел си ти” од Тоше, која и била омилена на Тамара.

20484golema

Претходно демонстрантите беа пред Фондот за здравство, каде извикуваа извикуваат „затвор за убијци“!  Велат, како е можно да се фрлаат пари за споменици, а данемаат 30 000 евра за лекување на деветгодишното девојче.

KART

Во Скопје на демонстрантите им се приклучи и мајката на Тамара, која што ќе ја предводи колоната кон Министерството за здравство.

Мото на протестот е Црвен картон за министерот Тодоров. Освен оставка од министерот, се бараат оставки и од директорите на Фондот за здравствено осигурување. Се бара и кривична одговорност од членовите на Управниот одбор, како и одговорните лица и членови на првостепената и второстепената комисија на Фондот. 9-годишната Тамара која боледуваше од сколиоза почина пред здравствените власти да и одобрат лекување во странство.

Во меѓувреме Директорката на Фондот за здравстевно осигурување, Маја Парнаџиева Змејкова,  поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, лични, човечки причини.

MY

– Човек сум што сум воспитан да помогам на другите, а не сум ладен бирократ. Денес објавувам дека од човечки причини решив да се повлечам од функцијата директор на ФЗОМ – рече таа.

Парнаџиева објасни дека сите процедури за случајот на малата Тамара биле испочитувани во врска со работата на Фондот за здравство, а рече дека само чекала да стаса и обдукцискиот наод, па да ја соопшти својата одлука.
Институтот за судска медицина по извршената обдукција на телото на 9-годишната Тамара Димовска потврди дека причината за нејзината смрт е бронхопневмонија.

Неколку часа по нејзината оставка, оставка од директорска фунција поднесе и вториот директор Џемали Мехази.

fzo dir

Во своето обраќање Мехази образложи дека оставката ја дава како морална одговорност во врска со смртта на Тамара Димовска.

Извештајот од извршената обдукција на телото на починатата Тамара Димовска од Велес синоќа бил доставен до Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по службено барање од инспекторатот.

Во извештајот било наведено дека директна причина за смртта на малата Тамара е бронхопневмонија (акутно воспаление на респираторните органи).

Слични содржини