Мајкл Флин тајно разговарал со турски министри за предавањето на Фетхуллах Ѓулен

од desk2

Поранешниот советник на Доналд Трамп за национална безбедност ген. Мајкл Флин се сретнал со турски министри за да дискутираат отстранување на проблемот со муслиманскиот проповедник Фетхуллах Ѓулен, кој живее во САД, пишува The New York Daily News.

Средбата меѓу пензионираниот генерал и министрите на Анкара се одржала уште пред претседателските избори во САД, на која се дискутирало за предавањето на наводниот шверцер од Турција, кој како организатор на неуспешниот обид за државен удар, требало пропведникот да биде испратен за Анкара без при тоа да минува низ процесот на легална екстрадиција.

Ова го изјави за The Wall Street Journal Џејмс Улси, поранешниот директор на Централната разузнавачка агенција (ЦИА).
Улси кој присуствувал на состанокот од 19 септември во хотелот “Есекс Хаус”, го опиша разговорот како “таен чекор во темнината на ноќта, за да однесет овој човек далеку”.
Самиот Улси призна дека бил изненаден од разговорот.

Портпаролот на поранешниот советник на Трамп изјави дека “во ниту еден момент ген. Флин не разговарал за нелегални активности, вонсудско физичко отстранување или други слични активности”.
Фетхуллах Ѓулен живее во Пенсилванија од 1999 година. По неуспехот на јулскиот пуч Анкара го зајакна притисокот над Вашингтон за екстрадицијата на духовникот, потсетува весникот.

Слични содржини