Мајли Сајрус оди во СПА со прасето

од Vladimir Zorba

Мајли Сајрус рече дека го води на спа третмани свинчето Бубало Сју, иако вереникот Лиам Хемсворт не ја одобрува идејата, соопшти Контактмјузик.

Пејачката на хитот “Malibu” призна дека најмногу сака да му удоволува на својот домашен миленик и редовно го води животното на бањата за маска со кокосово масло, бидејќи верува дека постапката помага против сувата кожа.

“Сите ми се смеат дека одам на бања со прасето. Но тие ја сакаат маската од кокосово масло.

Навлажнувањето е убаво за кожата на свињите, која е многу сува. Значи маската има ефект и може да направи крзното да изгледа бујно “, рече пејачката.

И иако 24-годишната поп ѕвезда обожава да им угодува на своите со импресивни број миленичиња, меѓу кои има кучиња и коњи, таа призна дека нејзиниот вереник Лиам Хемсворт ги смета нејзините дејства за прекумерни.

Мајли Сајрус рече дека го води на бања исклучиво свинчето.

“Понијата не ме оставаат да им ставам маски, а на кучињата не им се допаѓа”, додаде пејачката на “Wrecking Ball”.

Таа додаде дека Бубало Сју, а не 27-годишниот Лијам ќе ѝнедостига најмногу кога тргне на турнеја.

Слични содржини