Македонија ја победи Малта во последниот дуел од групната фаза на ЕП во Романија

од Vladimir Zorba

  Со победа над Малта со 99:60 младинската репрезентација на Македонија ја завршува групната фаза на Европското првенство (Дивизија Б) кое се одржува во Орадеа, Романија.

Македонија на крајот во Ц-групата има биланс од две победи и два пораза доволно за четвртото место на табелата.

За „црвено-жолтите“ следува еден ден по што ќе разигруваат за пласман од деветтото до шеснаесеттото место на првенството.

Следен противник на Македонија е третопласираниот во групата Д, а првиот натпревар за пласман ќе биде одигрн в петок (21 јули). /МИА

Слични содржини