Македонија на четврто место на ранг листата на ЕХФ

од desk2

Европската Ракометна Федерација (ЕХФ) по комплетирањето на сезоната 2016/17 го објави новото рангирање на европските земји во Лигата на шампионите, а Македонија, благодарение на историскиот успех на Вардар, ги мина Германија и Франција и се искачи на четвртата позиција.

На ранг листата сега единствено Унгарија, Шпанија и Полска се подобро рангирани од нашата земја.

Веднаш зад Македонија, на петтото место се наоѓа Франција, а меѓу првите 10 се уште Германија, Хрватска, Данска, Белорусија и Украина. Бодовите за рангирање на федерациите, ЕХФ ги пресметува според резултатите на клубовите во последните три сезони (2014/15, 2015/16 и 2016/17) и според нив потоа го одредува рангот на тимовите за наредната сезона – 2017/18. Во текот на наредната седмица, ЕХФ ќе ја објави и конечната листа на тимови за сезоната 2017/18.

Слични содржини