Македонија размислува да изгради ограда на границата со Грција, со која треба да се заштити од иден раст во приливот на бегалци од југ, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски, цитиран од “Ројтерс”.migrant ograda

Во своето интервју за унгарското бизнис издание Фигел, тој коментира дека Македонија можеби ќе има потреба од “некоја форма на физичка заштита”, иако ова не би било долгорочно решение.

“Ако се слушаат она што Европа сака од нас, ќе имаме потреба од тоа. Или војници или ограда, или комбинација од двете …”, изјавил  уште Попоски.
Попоски вели уште дека Македонија прави се што е можно да ги регистрира сите бегалци кои влегуваат на нејзината територија.

“Секој пат кога ќе се земе сериозно она што нашите европски партнери ни советуваат – да ја контролираме границите и да ги застанеме луѓето веднаш добиваме негативна меѓународна реакција”, додава министерот.

Во исто време западноевропските земји како Франција и Германија остро ја критикуваа одлуката на Унгарија да изгради ограда, долга 175 километри и висока 3,5 метри по должината на границата со Србија, која не дозволува на бегалците да минуваат произволно на територијата на европската држава.
Досега  160 000 имигранти влегоа на унгарска територија во јужната граница, откако поминаа транзит преку Грција, Македонија и Србија.

Слични содржини