76
Манчестер Јунајтед не се откажува од намерата да го привлече одбранбениот играч Хари Мекгваер од Лестер, соопштува „Дејли Мејл“.
Од „Олд Трафорд“ подготвуваат подобрена понуда за 25-годишниот англиски репрезентативец во вредност од 65 милиони фунти, откако првиот предлог од 50 милиони фунти беше одбиен. Според изданието ако двете страни стигнат до договор, Манчестер Јунајтед ќе мора да продаде еден од тројцата дефанзивци Маркос Рохо, Ерик Баи или Крис Смолинг, за да го финансира договорот.
Во исто време Лестер сака да го задржи Мекгваер во составот, а од управата на клубот се подготвени да му понудат нов договор со зголемување на платата до 75 илјади фунти неделно.