Марион Котијар скршена: Не сум во врска со Бред Пит!

од Vladimir Zorba

Претстојниот развод на Бред Пит и Анџелина Џоли ќе се претвори во најкоментираната разделба во шоубизнисот. Барем оваа година.e09300a52c8df7735156886e7a97606e

Двајцата се разделија по двегодишен брак и 12 години откако се преселија да живеат заедно. Џоли побарала целосно старателство над децата, а во барањето за развод посочила дека не сака алиментација од поранешниот сопруг.

Засега и двајцата се воздржани, нагласувајќи да биде обезбедено спокојство за нивните деца, додека Анџелина даде изјава преку својот адвокат.

Пит исто така, излезе со кратка изјава, велејќи дека е многу вознемирен од фактот дека се разведува.

“Најважно е сега да размислуваме за децата. Ќе го замолам печатот да им го даде потребниот простор во овој тежок за нив период. Кога една двојка ќе се соочи со тежок период во животот, тој може да ги раздели или собере заедно “, коментира Бред Пит.

Основната верзија за разделбата на двајцата е вонбрачна врска на Бред Пит со француската актерка Марион Котијар. Самата Џоли знаела за односот на Марион со нејзиниот сопруг, бидејќи пуштила да ги следат приватни детективи. Прељубниците ги загревале чаршафите речиси две години.

Самата Котијар сепак ги негираше гласините дека е третата страна во љубовен триаголник. Таа е категорична дека нема врска со Бред Пит и не е одговорна за разводот со Анџелина Џоли.

41-годишната Французинка се чувствувала “скршена” од обвиненијата кои се пропагираат во медиумите. Котијар тврди дека е среќна со својот партнер, со кого се заедно девет години.

Слични содржини