Меркел ќе бара од Трамп договори за прашања поврзани со трговијата и со воените трошоци

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека од новиот претседател на САД Доналд Трамп ќе бара да бидат постигнати договори поврзани со прашања за трговијата и за воените трошоци, додавајќи дека ќе работи на зачувување на врските меѓу Евроската Унија и САД, кои се многу важни, јавуваат светските агенции.

Меркел рекла дека Доналд Трамп јасно ги истакнал своите уверувања во својот инаугуративен говор, во кој вети дека ќе ја стави „Америка на прво место“.

„Во врска со неговото (на Доналд Трамп н.з.) обраќање ќе кажам две работи, а првата е дека цврсто верувам дека најдобро решение за сите нас е доколку нашата работа биде втемелена на правила, заеднички вредности, како и на заеднички акции во меѓународниот трговски систем, но и во доприносот на воените сојузници. Другата работа е трансатлантската врска која нема да биде ништо помалку важна од тоа што беше во претходните години. Јас ќе работам на тоа и покрај различните мислења. Договорите како и решенијата можат да бидат остварени само доколку респектабилно ги разменуваме нашите идеи“, изјавила Меркел./Мета

Слични содржини