Канцеларот на Германија Ангела Меркел и претседателот на Франција Франсоа Оланд пристигнаа во Минск, Белорусија. соопшти ТАСС. Од аеродромот двајцата во една кола се упатаија кон Палатата на независноста, каде е планирана средба на тнр. “нормандиска четворка” за решавање на кризата во Украина. Другите во “четворката” се претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот на Украина Петро Порошенко. Порошенко исто пристигнал.

Министрите за надворешни работи на четирите земји ќе учествуваат на средбата.

Се очекува средбата да започне во 21 часот по московско време .

Средбата беше проследен од серија напнати консултации на експерти и на контактната група со учество на претставници на Киев и самопрогласените Доњецка и Луганска република со посредство на специјалниот претставник на ОБСЕ Хајди Талјавини и рускиот амбасадор во Украина Михаил Зурабов.

Информиран извор соопштил пред ТАСС дека контактната група разговарала за прекин на огнот на југоисток, повлекување на тешкото вооружување и контролата врз спроведувањето на договореното, а исто така и идното политичко уредување на Донбас и спроведувањето на локални избори таму.

Консултациите се одвиваат под строго затворени врати.

Слични содржини