Милошоски: Својата неспособност владата ја прикрива со местени апсења и нарачани судски пресуди

од desk4

Својата неспособност, Владата ја прикрива со местени апсења и нарачани судски пресуди и прогони, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешниот протест пред министерството за правда, информира а1он.

Тој додаде дека сегашната влада не е дојдена на власт за да ја зголеми платата и животниот стандард, бидејќи како што кажа, тие немаат економски план.

Милошоски потенцираше дека со местените апсења и нарачани судски пресуди се прави неправда, а неправдите ќе родат и нови неправди.

ВМРО-ДПМНЕ протестира против приведените за настаните од 27 април, кога во македонското Собрание беа нападните пратениците од владејачкото мнозинство.

Слични содржини