Сè поизвесно е дека извештајот за напредокот на Македонија  нема да биде објавен  и оваа недела , велат  извори од Европската комисија.makedonija-navivaci

Прекинот на преговорите поврзани со Договорот од Пржино, е главната  причина  за објавувањето на извештаите и евентуалната препорака за почеток на преговори за Македонија, иако тука се набројуваат и изборите во Турција кои веќе завршија и стандардната бегалска криза која ниту ќе заврши ниту има некаква директна врска со извештајот поради кои сè уште се чека .Факт е дека Никола Груевски ги  стави во  пат позиција  европејците, и сега тие допрва сваќаат со кого си имаат работа и дека требало посериозно и некој посилен од Хан да се бави со ситуацијата. Неговата немоќ веќе  од поодамна е евидентна и за Могерини.

Маја Кочијанчич, портпарол на еврокомесарот за преовори за проширување, Јоханес Хан, за БИРН изјави дека јавноста ќе биде навремено информирана кога ќе се знае датумот на објавувањето на извештајот.

Она што засега е извесно е дека меѓународната заедница е загрижена во однос на (не)спроведувањето на договорот од Пржино, и јасно е дека ќе има менување на стратегијата на Брисел, и менување на играчите кои ја „работат“ Македонија.

Според досегашното , во оптек се сите три опции – седма по ред препорака за Македонија, условена препорака и одземање на препораката за почеток на преговорите.

Сепак, третата опција засега е најмалку веројатна, бидејќи тоа би било преседан во историјата на проширувањето на ЕУ, а не постојат ниту протоколи како да се постапува во таквите случаи.Токму тоа е и освестувањето во Брисел дека власта во Македонија отишла предалеку во моќта и дека , за тоа е потребен друг многу конкретен пристап и стратегија , од Брисел.

Дополнително на ова, Македонија ѝ е потребна на Унијата за бегалската криза и справувањето со приливот на бегалци и мигранти, за што исто така Брисел нема усогласен план,  па оттаму ризикот што би го понела Унијата , во овој конкретен момент, доколку се одземе препораката би бил преголем.

Затоа, како што се шпекулира во дипломатските кругови, најизвесно е дека Македонија ќе добие „условена препорака“, иако Брисел знае дека тоа сепак нема да придонесе за враќање на роковите и на динамиката на инплементација на договорот од Пржино.

Во очекување на градење на новата стратегија  на ЕК ,најреални проценки  се дека  во  Македонија главно ништо нема  брзо да се менува. Груевски ќе вели дека тој соработува и Заев бега од избори, а Заев ќе си чека на Брисел.  Во тоа меѓувреме  стратегијата на  ВМРО ДПМНЕ  е да игра топло -ладно во процесот и да дигаат рејтинг . Тие  де ќе прифаќаат де ќе одбиваат , па ќе си толкуваат на свој начин , па ќе се враќаат напред назад во зависност од „стапот“ на Брисел.  СДСМ пак ќе чека на насоките на меѓународните диригенти и дневно ќе парираат само на тоа што ќе го влече власта и Никола Груевски, и ќе се објаснуваат за правдините.

Вашингтон ќе си ја  чека ЕУ до крај да ја прикажат својата „сила“ и на крајот ќе помогне со своите разработени  „сценарија“ кои секогаш ги вадат  во вакви тешки и нерешливи  за ЕУ ситуации.

На крајот многу веројатано е дека никој  нема да се откаже од спроведувањето на договорот, но  се тоа на крајот сигурно  ќе го помести датумот на оддржувањето на изборите, веројатно наместо на крајот  на Април  на почеток на Септември  или во текот на летото, иако тој термин се одбегнува заради годишните одмори на граѓаните.Тоа е пократката варијанта, иако не е исклучена и варијата за извори на подолг рок, во зависнот од морковот, пардон стапот.

 

Слични содржини