МВР добиле потврда од Интерпол-Атина дека Грујевски и Бошковски се приведени во Солун

од desk4

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека денеска доби известување од Интерпол-Атина дека лицата Никола Бошкоски и Горан Грујевски, кои се бараа со меѓународна потерница, вчера (среда 18 октомври) се приведени во Солун.

Известувањето веднаш е испратено до Министерството за правда, за тоа да ги достави сите потребни документи за екстрадиција.

Бошковски и Грујевски се обвинети од СЈО во случаите „Тврдина“, „Таргет“ и „Тврдина 2“.

Двајцата од 18 јули, кога Апелацискиот суд им определи мерка притвор, се недостапни за полицијата, најверојатно криејќи се со лажни идентитети. Тие се обвинети за уништување на опремата за прислушување.

Слични содржини