МВР идентификувало уште четири учесници во упадот во Собранието

од Vladimir Zorba

СВР Скопје вчера повикало на службени разговори уште лица за кои имало сомневање дека биле вклучени во упадот и во дивеењата во Собранието на 27 април, од кои за четворица ќе поднесе известување до Основното јавно обвинителство – Скопје.

Поради основан сомнеж дека учествувале во толпа што ќе спречи службено лице во вршење службено дејство, СВР Скопје на јавното обвинителство ќе му ги предаде Д.Т. (42), Ѓ.М. (52) и Т.О. (52), сите од Скопје. Поради сомневање дека учествувал во толпа што ќе изврши кривично дело, известување до ОЈО Скопје ќе биде поднесено за Н.П. (39) од Скопје.

СВР Скопје вели и дека и понатаму работи на расчистување на случајот и на утврдување одговорност на други учесници./META

Слични содржини