Апелацискиот суд ја закажа за 4 јуни јавната расправа за случајот „Ровер“. Во овој случај осуден е и поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија- Љубе Бошкоски за убиството на Маријан Тушевски и Киро Јанев.

8d32c4482d0e004dbb7c70f341ca6c76

Лани, по втор пат, беше донесена првостепена пресуда за случајот „Ровер“, . Бошкоски тогаш доби 10 години и шест месеци казна затвор .

Аплеацискиот суд првата пресуда ја врати на повторно одлучување поради многубројни пропусти и неутврдување на фактичката состојба.

Адвокатите на обвинетите во своите жалби бараат ослободителна пресуда или укинување на пресудата.

Обвинителството пак во својата жалба до скопска Апелација,наведува дека првостепениот суд направил суштествени повреди на кривичната постапка ,дека пресудата била неразбирлива и нејасна и дека судот нецелосно или погрешно ја утврдил фактичката состојба.

Во меѓу време опозициската СДСМ објави низа телефонски разговори од кои може да се слушнат осветнички детали за Бошкоски од страна на власта.

Слични содржини