На најбогатиот човек на светот во 1970-тата година му го киднапирале внукот: Одбил да им плати на киднаперите

од desk2

Филмот “Сите пари на светот” се занимава со контроверзната вистинска приказна која го привлекла светското внимание во 1970-тите години.


Џон Пол Гети (1892-1976), познат и како Олд Џон, бил американски милијардер кој останал најпознат по тоа што одбил да плати 17 милиони долари за ослободување на својот внук.

Џон Пол Гети Трети имал 16 години кога во 1973-тата година бил киднапиран во Рим.

Неговиот дедо во тоа време бил најбогат човек на светот. Пет пати се женел и имал бројни љубовници.
Својот внук Џон Пол Третиот го запознал кога имал 11 години, а повторно се сретнал со него четири години подоцна. Дедото не бил многу воодушевен од својот внук, кој водел боемски живот.

Во времето на киднапирањето, тинејџерот работел како сликар во Рим. Свесни за богатството на неговото семејство, медиумите го нарекувале “Златниот Хипик”.
Тинејџерот купувал стрип кога тројца мажи го удриле со пиштол во глава и го киднапирале.

Го однеле во една пештера на југот на земјата и го повикале неговото семејство, од кое побарале 17 милиони долари. Гети најпрво мислел дека тинејџерот сака со измама да земе пари за себе.
Олд Џон на медиумите им кажал дека не верува дека ќе им плати на криминалците.

“Имам уште 14 внуци и ако сега дадам и еден цент, тогаш ќе имам 14 киднапирани внуци”, рекол тој.
По три месеци, киднаперите му го пресекле увото на тинејџерот и го пратиле на неговото семејство. Неговата мајка Гејл го препознала по пегите, меѓутоа Олд Џон одбивал да го плати откупот. Гејл почнала да моли луѓе да и помогнат.

На крајот, стариот милијардер сепак попуштил, па семејството преговарало со киднаперите и платило 2,2 милиони долари. Тинејџерот бил ослободен пет месеци по киднапирањето.


Девет години подоцна, тој се предозирал со метадон и валиум, по што останал парализиран. Починал во 2011-тата година, на 54 години.

Семејството Гети и денес тежи неколку милијарди долари. Сега е снимен филм, кој е исто толку контроверзен, како и самата случка.

Слични содржини