На СФФ вечерва ќе зборува продуцентот на Стенли Кјубрик

од Vladimir Zorba

Во рамки на 20. издание на Скопскиот филмски фестивал (СФФ), вечерва кратко предавање и разговор со публиката ќе одржи Јан Харлан, извршниот продуцент и познавач на делото на легендарниот режисер Стенли Кјубрик. Разговорот ќе се одржи по проекцијата на филмот „Пеколен портокал“ во кинот Милениум.

Јан Харлан, кој е шура на Стенли Кјубрик, бил извршен продуцент на филмовите „Пеколен портокал“, „Очи широко затворени“, „Сјајење“, „Бери Линдон“, „Куршуми“ и други на легендарниот режисер Стенли Кјубрик. Тој е и извонреден познавач на делото на Кјубрик.

Поводот за гостувањето на Харлан на Скопје филм фестивал е првата македонска ретроспектива на еден од најголемите светски режисери која се одржува во рамки на фестивалската програма.

На програмата на фестивалот утре се „Лолита“ од 17 часот во киното „Фросина“, каде од 20 часот ќе се прикажува „Заливот Слек“ а од 22 часот „Најсреќниот ден во животот на Оли Меки“

Слични содржини