Надал: Кога нешто ќе ви дозволат, тоа веќе не е забрането

од Vladimir Zorba

135836

Руската хакерска група која ги објавува документите со кои се докажува допингот на огромен број светски спортисти со дозвола на светската антидопинг агенција (ВАДА), објави медицински документ во кој е објавено дека Надал користел недозволени средства, но Шпанецот тврди дека не направил ништо што е забрането.

Шпанецот користел стероиди и хормони со дозвола на ВАДА, но тој вели дека не гледа каде е проблемот во сето ова, бидејќи, како што вели, споменатите супстанци ги користел во терапевтски цели.

„Кога бараш дозвола за лек од терапевтски причини и ја добиеш, тогаш не си направил ништо што е забрането. Тоа не е никаква новост, ова е само демагогија“, тврди Надал.

„Никогаш не сум зел ништо за подобрување на своите перформанси. Лековите ги земав бидејќи докторот мислеше дека се најдобри за моето колено. Јас отсекогаш сум говорел дека спортот мора да биде транспарентен и чист, бидејќи ние спортистите не смееме да ги изневериме никогаш сите оние кои веруваат и навиваат за нас“, изјави Надал./а1он

Слични содржини