Најавено продолжение на комисиската седница за Извештајот на СЈО

од Vladimir Zorba

 

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска треба да ја продолжи расправата за работата на Специјалното јавно обвинителство. 20160923080359

Синоќа расправата на Комисијата беше прекината откако специјалната јавна обвинителка поради, како што објасни, влошена здравствена состојба замина од седницата.

– Навистина ми е жал што поради мојата здравствена состојба морав да ја напуштам седницата на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и се извинувам на сите пратеници  што денес не сум во можност повеќе да присуствувам на седницата, вели Јанева во пишаната изјава до медиумите.

Во меѓувреме, како што информираа од СЈО, побарана е лекарска помош и здравствената состојба на обвинителката е под лекарски надзор и контрола.

Во текот на изминатите два дена, Јанева одговараше на прашања на пратениците.

На дневен ред на Комисијата е шестмесечниот Извештај на СЈО, како и Извештајот за работата на Јавното обвинителство. На заседанијата на Комисијата и вчера и во средата присуствуваа првите луѓе на обвинителствата Јанева и Марко Зврлевски

Слични содржини