„Национална Демократска Преродба во континуитет била авангардна во своите јавни ставови и антиципирање на многу политички феномени кои ја карактеризираат политичката организација на земјата. Национална Демократска Преродба неколку пати има изјавено дека нема избори без решавање на многу проблеми кои ја зафатија земјата во текот на овој период.

ndp

Последната средба со посредство на комесарот Хан, која се одржа вчера во Пржино, потврди уште еднаш дека земјата не е подготвена за избори на 24 април, без решавање на многуте проблеми кои ја карактеризираат земјава. Сите ние сме сведоци дека Македонија континуирано има организирано предвремени избори, со ветување на разрешување на многуте проблеми создадени во земјата, но сега се созреани потребните услови прво да се решат клучните проблеми кои ги создадоа овие политички актери, па потоа да се оди на избори. Национална Демократска Преродба нема да учествува на избори, без решавање на круциалните проблеми создадени од самите политички актери кои прават напори да организираат избори.

НДП во континуитет потенцира дека политичките актери кои ја создадоа ова длабока политичка криза не можаат да бидат спасители на решавање на политичката криза, и ова се потврди уште еднаш на средбата што се одржа вчера во Пржино. Ниските политички игри на овие политички актери, целосно за свои лични и партиски интереси, ќе предизвикаат голема штета за земјата, па поради тоа интервенцијата на меѓународната заедница е иманентна, бидејќи штетата ќе биде голема и за меѓународната заедница. Земјата, и регионот, се наоѓаат пред големи предизвици па затоа ургентно се бара максимална посветеност на сите прогресивни сили, без оглед од каде доаѓаат, бидејќи во спротивно деструктивните сили, без оглед каде се наоѓаат, можат да предизвикаат незамислив хаос“, стои во соопштението на НДП.

Слични содржини