Се расчистува маглата за околностите во кои премиерот Никола Груевски отпатува за САД и се сретна со американскиот потпретседател Џо Бајден. Во регистарот на лобистички договори што го води американското Министерство за правда достапен е нов факт, кој е на трагата на одговорот на прашањето – како навистина Груевски беше на средба во Белата куќа, објави Алсат-М.231590 (1)

Станува збор за нов договор на ВМРО-ДПМНЕ со нова лоби-компанија од САД, чиј основач е Том Дешл, поранешен сенатор и конгресмен од редовите на Демократската партија. Дешл е сопартиец и поранешен колега на Бајден во Сенатот.

Слични содржини