Немало никакви тајни средби меѓу Зоран Заев и Никола Груевски, секој објавува свои претпоставки, но нема таков договор на кој се согласуваме дека е прифатливо  Груевски да се повлече од јануари, изјави за Локално, пред малку висок функционер на СДСМ. Она што е веројатно дека до крајот на неделава ке има конечна разврска- дали Груевски ќе прифати да се повлече во интерес на Македонија и конечен  излез од кризата или ќе прекинат преговорите, трето нема .сдсм седисте

– Преговарачкиот процес тече во рамките кои се познати, бидејќи раководството одлучи да им даде шанса на преговорите само уште неколку дена. Од тие рамки не е излезено и немало никакви тајни средби . Ако не се најде прифатливо решение за надминување на кризата СДСМ од петок ја менува целосно стратегијата на отпорот,  фокусирајќи ја на целата територија и други акции за замена за кампирањето пред Владата.

Она што е сигруно исто така е дека на почетокот на Јули доаѓа американскиот дипломат од висок ранг Викторија Нуланд и таа ќе се сретне со лидерот на опозицијата Зоран Заев, останатото во стилот на “тајни преговори и пазарења “ со ВМРО ДПМНЕ се обична шпекулација

Слични содржини