Неправилната употреба на лекови го довела до нарушената состојба Кание

од Vladimir Zorba

Болеста и хоспитализацијата на американскиот рапер Кание Вест се последица на несоодветна доза од пропишаните лекови, пренесе TMZ.e0d5683df82802367be442042dbe12bb

Извор на весникот тврди дека Вест страда од голем број психички растројства и да води нормален живот му е потребно редовно да прима лекови. Тој скршнал од препишаното од лекарот дозирање, кога во октомври во Париз ја ограбиле неговата сопруга Ким Кардашијан.

Тоа довело до неговиот нервен слом, кој се случи неколку недели потоа. На 21 ноември раперот ја поништи турнејата и се најде во болница за 8 дена.

Според податоците на весникот, по неговото враќање во домот, музичарот има потреба од повеќе внимание од страна на медицински лица и психолози.

Пред еден ден се зборуваше дека Ким Кардашијан го избркала сопругот од домот, додека ја стабилизира менталната состојба, бидејќи може да им наштети на нивните деца.

Во исто време бринетата тврди дека љубовта меѓу двајцата е многу силна, и покрај тешкиот момент.

Слични содржини