Невладини формираа координативно тело за поплавениот реон, за хуманитарна помош и чистење

од Vladimir Zorba

Соопштение на Координативно тело на НВО – а на поплавениот реон:

nevreme poplava

Според официјалните бројки, по поплавите настанати од невремето на 6 август 2016-та кое ја опфати Македонија и која особено ги погоди Скопскиот и Тетовскиот регион досега загинаа 22 лица, повеќе од 70 се ранети додека повеќе од 1000 се евакуирани. Според првенечните утврдувања оштетени се 500 до 700 куќи, додека 10 до 15 илијади лица беа оштетени од поплавите. Реоните кои најмногу беа погодени од настанатото невреме се Скопските села Хасанбег, Арачиново, Страчинци, Смилковци и Тетовското село Шипковица.

Веднаш при настанатото невреме, државните институции и невладините организации беа активирани за помош на населението од овие реони и даден е максимален влег за намалување на бројката на жртвите. Додека во втората фаза на овие активности, невладините организации дистрибуираа пакети со хуманитарна помош кои содржуваа леб, вода за пиење, средства за хигиена и.сл. Во третиот ден од оваа хуманитарна акција јасно се увиде недостатокот на координација помеѓу невладините организации кои им носат хуманитарна помош на ранливите семејства од овој реон. Со цел на подобро координирање и во насока на утврдување на примарноста на потребите и поефикасно дистрибуирање на хуманитарната помош која деновиве е повеќе од неопходна за лицата од овој реон, ние неколку невладини организации кои дејствуваат на терен во оваа насока се соединивме со цел на подобра координација на активностите на терен. По извршените консултации, одлучивме да формираме „Координативно тело на НВО – а на поплавениот реон“.

„Координативното тело на НВО – а на поплавениот реон“ ќе превземе одговорност за редовно дистрибуирање на актуелните хуманитарни средства и давање поддршка при дистрибуција на донациите кои ќе доаѓаат од земјата и од странство.

Координативното тело, воедно имајќи во предвид дека во поплавените реони во доволни количини се дистрибуирани вода за пиење и основни прехрамбени продукти, ќе превземе иницијатива за чистење на местата погодени од овие поплави, утврдување на штетите на граѓаните (оштетените делови на домовите, оштетениот мебел, теписи, бела техника, угинати добитоци и.др.) и систематско дејствување за санирање на овие штети.

НВО –а кои го сочинуваат „Координативно тело на НВО – а на поплавениот реон“:

Здружение Енсар – Скопје

Здружение Мерхамет – Тетово

Здружение Копру – Скопје

Здружение Визиони-М – Скопје

Здружение Активитети – Скопје, Страчинци

Здружение Клуби Елита – Скопје

Здружение АКСИ – Скопје

Здружение Ардмериа – Тетово

Birliği Унија на албански студенти – Скопје

Унија на средношколци албанци – Скопје

Здружение ПАРИМИ– Скопје

Претседателот на Здружението Копrу Хусрев Емин ќе ја превзеде одговорноста на Координатор на „Координативното тело на НВО – а на поплавениот реон“. Координатовното тело ќе стапи во контакт и со Центарот за управување со кризи и останатите надлежни институции од земјата.

Координатор на

„Координативно тело на НВО – а на поплавениот реон“

Хусрев ЕМИН

Слични содржини