Новиот претседател на Еквадор го предупреди Џулијан Асанж да не се меша во политиката на јужноамериканските држави

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот претседател на Еквадор Ленин Морено го предупреди Џулијан Асанж да не се меша во политиката на јужноамериканските држави, пишува весникот The Local во шведското издание.

Победата на Морено, кој ја презеде должноста во средата, дојде како олеснување за основачот на “Викиликс”, откако конзервативниот ривал на социјалистичкиот претседател ветуваше дека ќе го протера од амбасадата на Еквадор во Лондон, каде што Асанж се крие последниве години.
Но, говорејќи во рамките на церемонијата во четвртокот, Морено “со целосна почит” го замоли Австралиецот “да не се меша во политиката на Еквадор, ниту дури во оваа ниту на нејзините сојузници”.
“Неговиот статус не му дозволува да зборува за политиката на која и да е земја, да не зборуваме за нашата”, истакна новиот претседател на Еквадор.

Слични содржини