„Њујорк Тајмс“: Трамп барал од Фараж да нема ветерници до неговиот терен за голф во Шкотска

од Vladimir Zorba

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп барал од привременот лидер на британската евроскептична Партија за неависноста на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж да се спротивстави на поставувањето централа со ветерници во Шкотска, која, според него, ќе ја наруши панорамата на неговите терени за голф во тој дел од Велика Британија, пишува „Њујорк Тајмс“.

image_5889762_126

Отритието на весникот доаѓа веднаш откако беше објавено дека Трамп предложил „неговиот пријател“ Фараж да биде поставен за британски амбасадор во САД.

Фараж изјави дека таквата препорака на Трамп ја прима како „изненадување“, но и како „голема чест“, но не коментираше ништо за тврдењата на „Њујорк Тајмс“ околу ветерниците и терените за голф во Шкотска.

Овој угледен американски весник денеска предупредува на раширениот бизнис на корпорацијата на Трамп низ светот и за, како што вели, „очигледниот широк судир на инетереси“ што ќе настане кога тој ќе стапи на функцијата претседател на САД.

Според Си-Ен-Ен, написите на весникот се причина за „отворената расправија“ на Трамп со „Њујорк Тајмс“ и за неговата одлука да ја откаже средбата со менаџментот и уредниците на весникот.

Трамп на Твитер ја обвини редакцијата дека наводно го поместила терминот за состанокот, на што весникот реагираше со соопштение во кое се тврди дека за откажувањето на средбата дознале од Твитер.

Трамп и две недели по изборот не одржа прес-конференција, ниту средба со уредниците на водечките американски медиуми, што се нема случено уште од 1976 година и изборот на Џими Картер за претседател на САД.

Медиумите во Њујорк откриваат дека Трамп синоќа повикал истакнати водители на трите големи телевизиски компании – Си-Ен-Ен, Еј-Би-Си и Ен-Би-Си, само за да ги брифира, но сега се тврди дека наместо тоа, Трамп се нафрлил врз новинарите и новинарството, обвинувајќи ги дека се „нечесни и лажговци“, како и дека кон него се однесуваат „некоректно“.

Неговиот портпарол подоцна изјави дека разговорот со телевизиските водители минал „срдечно“

Слични содржини