images (66)

Мисијата на ОБСЕ во Македонија на оглас бара набљудувачи на изборите во Македонија. ОБСЕ во огласот се држи до договорениот датум 24 април.

„По официјалната покана за набљудување на предвремените избори закажани за 24 април 2016, а со оглед на заклучоците на Мисијата за проценка на потребите усвоена од 2 до 5 ноември 2015 и во координација со сопствениот мандат, ОБСЕ/ОДИХР подготвува составување на Мисија за набљудување на изборите за овие избори.

Се  бара шеф на мисијата, заменик шеф на мисијата, политички аналитичар, изборен аналитичар, правен аналитичар, медиумски аналитичар, координатор на долгорочните набљудувачи.

Заинтересираните апликанти може да се пријават до 24 јануари 2016-та година.

Слични содржини