Меѓународните правни експерти кои ги побара Јавното обвинтелство од Европската Унија за случаите околу аферата со прислушувањето, нема да можат да даваат конкретни насоки за текот на истрагата. Ова, меѓу другото го велат од канцеларијата на првиот обвинител на Република Македонија, Марко Зврлевски, на прашањата на АЛСАТ-М, кој ќе биде форматот на побараната странска мисија.

images

„Експертите би биле во тек со работата над предметите поврзани со актуелните случувања, но без да даваат конкретни насоки за текот на истрагата, како и за донесување јавнообвинителски одлуки. Меѓународните експерти ќе бидат во тек со работата на надлежните обвинители по предметите во поглед на објективноста и непристрасноста во постапувањето и примена на стандардите“, велат од Јавното обвинителство.

Од Обвинителството додаваат и дека поканата согласно протоколите била испратена до органи на Европската Унија преку Министерството за надворешни работи. Копија е доставна и до делегацијата на ЕУ во Македонија.

Повеќе ТУКА

Слични содржини