Одбраната на Кочан тврди дека е во тешка здравствена состојба, СЈО се сомнева

од Vladimir Zorba

Одбраната на бизнисменот Сеад Кочан презентирала медицинска документација со која тврди дека Кочан е во тешка здравствена состојба. Ваквата документација отвара сомнеж кај Специјалното јавно обвинителство и обвинителот Гаврил Бубевски побарал докторот кој го лекува Кочан да биде повикан пред судијата на претходна постапка да ја образложи здарвствената состојба на бизнисменот.

Судијата го одбил ваквиот предлог, рече Бубевски и пристапиле кон анализирање на доказите според насоките на Врховниот суд кој го укина притворот.

Според Бубевски, одлуката на Врховен претставува драматично кршење на уставните и законските принципи. Одбраната на Кочан пак тврди дека бизнисменот е во сложена здравствена состојба и дека поради тоа тој бил надвор од државата.

Тој рече дека преку решението за притвор и известувањето на медиумите за состојбата на Кочан, се врши хајка против бизнименот. Судот треба во рок од шест часа да ја донесе одлуката дали ќе го прифати барањето на СЈО за определување на притвор за бизнсменот.

Слични содржини